Земјотрес од 4,5 по Рихтер регистриран во Албанија

131

Земјотрес со интензитет од 4,5 степени по Рихтеровата скала денеска беше регистриран во албанските градови Тирана, Драч и Каваја.

Потресот бил почувствуван во 13.05 часот по локално време. Епицентарот е во реонот на градот Рогожина, близу Тирана.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.