Земјотресот во Албанија уништил 5.497 домови, 3.135 лица се раселени

55

Заменик-министерката за внатрешни работи на Албанија, Ровена Вода, соопшти денеска дека 3.135 граѓани се евакуирани, а 5.497 домови се тешко оштетени по катастрофалниот земјотрес во земјата.

Како што кажа, ова се најновите податоци за штетата предизвикана од земјотресот, собрани од инспекторите во погодените места, пренесе агенцијата „Тајуг“.

Вода додаде дека во земјотресот биле оштетени 12 здравствени центри и простории за вонредни ситуации.

Земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, ја потресе Албанија во 3:55 часот по полноќ на 26 ноември, а во него загинаа 51 лице и повредени беа повеќе од 900 луѓе.