За обнова на населението, секоја втора жена треба да има по три деца, тврди српска министерка

96

За да се обнови населението во Србија неопходно е речиси секоја втора жена да има три деца, изјави српската министерка без ресор, задолжена за демографска политика Славица Ѓукиќ Дејановиќ.

Таа рече дека од 2001 до 2015 година во Србија има половина милион жители помалку и дека се намалува и бројот на жени во години кога можат да раѓаат.

– Така, во 2002 година, процентот во општата популација на жени на возраст од 15 до 49 години изнесуваше 24,1 отсто, во 2011 година беше 22,5 отсто, во 2015 –  22, а сега е под 22 отсто – изјави Ѓукиќ Дејановиќ на предавањето „Културни аспекти на биомедицинско потпомогнато оплодување во Србија”

Според неа, просечната возраст на мајката при раѓањето на првото дете во Србија е зголемена и сега изнесува 28,3 години.

– За да го обновиме населението, треба да останеме на оваа бројка, која и сега е нешто помала од седум милиони во Србија, и во тој случај, од вкупниот број жени во фертилен период 11 отсто треба да имаат едно дете, 44 проценти две деца и 45 проценти три деца – рече Ѓукиќ Дејановиќ.