Захариева: Средбата за Западен Балкан беше неоспорен успех

842

Кога има непобитен успех, нешто што не се случило 15 години на европска сцена, а тоа се случува во Бугарија, по идеја и иницијатива на Бугарија, апсурдно е да се каже дека ништо не се случило.

Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по повод самитот меѓу лидерите на Европската унија и нивните колеги од Западен Балкан, што се одржа неделава во Софија.

Според неа, Европа треба да се реформира и да прима нови членки. Но, Европската унија не е подготвена утре да го преземе товарот на проширувањето.

– Дали Европа ќе биде подготвена во 2025 година зависи и од земјите-членки и од земјите-кандидати. Не е сеедно дали на една тркалезна маса седнуваат од 15, 28 или 33,34, рече Захариева. 

Таа смета дека Европа бавно донесува одлуки, и затоа треба да обедини многу држави.

– А знак дека проектот за Западен Балкан ќе се случи е фактот што Европа е подготвена да инвестира 30 милијарди во овие земји, истакна Захариева.