Задарската полиција пукала во комбе со мигранти – ранети две деца

74

Задарската полиција во обид да спречи криумчарење на мигранти, ранила две деца со огнено оружје. Несреќата се случила синоќа околу 22 часот на подрачјето на Доњи Срб кога полицијата се обидела да запре комбе со странски регистарски таблици во кое имало мигранти, меѓу кои и деца. Откако возачот на комбето не застал, полицијата употребила огнено оружје.

-По дојавата на полициските службеници од Доњи Лапац дека забалежале комбе со странски регистарски таблички, за кои се посомневале дека пренесува лица кои незаконски ја преминале државната граница со БиХ, а кои не реагирале на обидите на полцијата да ги застане, полициските службеници на областа Раштела поставиле блокада. Тие се обиделе со светлосни и звучни сигнали да го запрат комбето. Возачот на комбето не застанал, туку според нив, продолжил да вози, а полициајците за да го одбијат нападот истрелале повеќе куршуми – информираат од полицијата.

Возачот на комбето излегол од возилото и побегнал во шумата. Во возилото биле пронајдени 29 лица со странско државјанство меѓу кои и две деца кои биле погодени со огнено оружје, а повеќето од нив биле повредени од пребрзото и опасно возење. Повредените деца биле префрлени во задарската болница и биле надвор од животна опасност. На останатаите повредени мигранти им била пружана лекарска помош.