Загрижува нападот врз новинар во РС

74

Европската Унија ја следи состојбата во Босна и Херцеговина по нападот на новинарот Владимир Ковачевиќ од телевизијата БН во Бања Лука, изјави Јоханес Хан, европскиот комесар за проширување.

Тој на конференцијата за медиумите во организација на Европската комисија во Скопје рече дека загрижува јазикот, кој го користат поединечни политичари, што може да се протолкува како повик да се нападнат новинарите.

Харлем Дезир претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите ја нагласи загриженоста за нападот врз новинарот што се случи по известувањето за граѓанскиот собир по повод неразјаснетата смрт на Давид Драгичевиќ.

Оваа смрт ги мобилизира луѓето во Република Српска, а властите во овој ентитет медиумското известување за овој случај го толкуваат како напад врз нив.
Изминатите години биле забележани 11 сериозни напади на новинари во Западен Балкан.