Загреб не мирува

123

Нов земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван сииноќа во 20 и 54 часот во Загреб. По овој, бил почувствуван уште еден поблаг потрес.

Од првиот земјотрес со јачина од 5,5 степени на Рихтер, кој го погоди Загреб и околината во неделата, па сè до полноќ во понеделникот, хрватската сеизмолошка служба забележала вкупно 74 земјотреси.

Повеќето од нив, дури 42, се со јачина од 2 степени според Рихтер.

Во потресот од неделата се повредени 27 лица, од кои 18 потешко, а едно девојче е во критична состојба.