Загадениот воздух во јужна Европа предизвика протести и забрана на возила

87

Европските градови се соочуваат со опасно високо ниво на смог, предизвикан од подолгиот период на суво и сончево време и умерен ветер, пренесува Би-би-си. Изминатите денови најзагадени градови се главните градови на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.

Во Босна и Херцеговина, демонстранти со гас маски излегоа на улиците барајќи акција од владата. Активисти за животната средина ја опишуваат ситуацијата како итна. Стотици луѓе со маски на лицето се собраа во Тузла со барање за итна акција за подобрување на квалитетот на воздухот. Во Сараево, властите одржаа вонредна седница на која расправаа за преземање мерки против загаденоста на воздухот.

Повремена забрана за дизел возилата е обајвена во поголем дел од италијанските градови, вклучително и Рим, во обид за намалување на загаденоста. Сите возила на дизел се забранети за време на најголемиот метеж, додека другите возила што загадуваат се целосно забранети.

На населението му се препорачува да ги посети колку може почесто планините, каде воздухот е почист.