Ешдаун: Опасност од корекции на границите и за Македонија и БиХ

122

Патот до корекција на границите меѓу Србија и Косово е поплочен со опасности и им дава самодоверба и поддршка на оние кои сакаат да ја разбијат БиХ, изјави за Радио Слободна Европа британскиот политичар Педи Ешдаун, поранешен висок претставник во БиХ.

Ешдаун е убеден дека решението за односите меѓу Србија и Косово не може да се бара преку уништување на основните принципи на ЕУ за мултиетничките заедници, а не, како што тој ги нарекува, „моноетнички џебови” кои би се создале на Балканот.

Федерика Могерини е таа која ја поддржува оваа идеја во рамките на ЕУ, смета Ешдаун, кој е убеден дека рускиот претседател Владимир Путин најмногу ќе биде задоволен од реализација на корекција на границите, а потоа би ја применил на украинската криза.

-Овдека не се работи на воспоставување на преседан, туку за територијална размена, но кој и да го познава Балканот, како што мислам дека го знаеме, совршено добро знае дека тоа ќе им даде самодоверба и поддршка на оние кои сакаат да ја разбијат БиХ- изјави Ешдаун.

Тој како пример ја посочи Македонија каде наскоро ќе се одржи многу важен референдум за нејзината иднина и можноста која би се отворила за нејзин влез во ЕУ.

-Јас немам дилема, меѓутоа, доколку Прешево се приклучи на Косово, тогаш Албанците во Тетово и Гостивар може да кажат дека и тие сакаат да се приклучат на Косово. Сето ова би ги поткопало досегашните напори во интеграцијата на Западен Балкан“ – истакна Ешдаун.

Ешдаун, заедно со уште двајца поранешни европски претставници во БиХ, Карл Билт и Кристијан Шварц-Шилинг, потпишаа отворено писмо испратено до високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, по повод предлогот за промена на границата помеѓу Србија и Косово.