ЕУ ќе проверува дали Косово ги исполнува условите за визна либерализација

666

Тим од Европската унија денеска пристигна во тридневна посета на Косово, за да утврди дали земјата ги исполнува критериумите за визна либерализација за косовските граѓани при патување во ЕУ, јави косовската телевизија РТК.

Косовската министерка за европски интеграции Дурата Хоџа изјави дека Косово направило се што е потребно и изрази уверување дека нејзината земја ќе добие позитивна оценка на крајот од посетата на тимот.

– Нашиот единствен пат кон интеграција е нулта толеранција за криминалот и корупцијата на сите нивоа. Веруваме дека напорите и напредокот на институциите ќе бидат оценети позитивно, рече Хоџа.