ЕУ ја повика Турција да ја прекине операцијата во северна Сирија

53

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, инсистира Турција да ја прекине својата воена операција против курдските формации во северна Сирија, изјавувајќи дека Брисел нема намера да плаќа за таканаречената „безбедносна зона“, што може да биде создадена.

– Повикувам Турција, како и другите учесници, да дејствуваат воздржано и да ги прекинат операциите што се спроведуваат додека зборувам – изјави Јункер пред Европскиот Парламент.