ЕУ подготвува нови санкции против Турција

174

На следната средба на претседателите на држави и влади на ЕУ на дневен ред ќе биде списокот на можни санкции против Турција. Со тоа би требало да ја присилат Анкара на отстапки во спорот околу гасот во источното Средоземно море, објави „Дојче веле“.

ЕУ во Брисел моментално работи на поттикнување на тоа спорните дупчења во потрага за земен гас во источното Средоземно море, да се ограничат на своето територијално море.

Грција и Кипар сметаат дека Турција ја загрозува нивната безбедност и уште кон средината на јули се потрудија ЕУ да се позанимава со можни санкции против Турицја. Но, спорот и натаму ескалира. Во меѓувреме одржани се воени вежби, а се зборувало и за „причините за војна“.

Министрите за надворешни работи на ЕУ сметаат дека е неопходно да се даде налог за составување список на можни конкретни санкции. Тоа кон крајот на августи го сториле. За тие санкции ќе се одлучува на следниот состанок на 24 септември, најави комесарот на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел.