ЕУ депортира над сто албански државјани

77

Од државите-членки на Европската Унија, во Тирана се вратени 104 државјани на Албанија што ги прекршиле правилата за престој во земјите на Унијата или барале азил, јави Макфакс.

Според извештајот на државната полиција, уште една операција на враќање граѓани што побарале азил или ги прекршиле правилата за престој во шенгенскиот простор е завршена во соработка со Франција, Белгија и Германија.

Вкупно 104 албански државјани се вратени во нивната татковина со два чартер-лета од Франција и Германија во рамките на заедничкиот европски проект, кој го реализираа Франција, Белгија и Германија во соработка со Фронтекс и со поддршка на албанските власти. Од вкупниот број албански државјани, од Франција се вратени 15, од Белгија пет и од Германија 84.