Ердоган: Ќе преземеме мерки за одлуката на Виена да затвори седум џамии

116

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе преземе мерки како одговор на одлуката на Виена да затвори седум џамии и да ги протера турските муслимански свештеници, кои беа обвинети дека се финансирани од странски државјани. 

– Се плашам дека чекорите преземени од австрискиот премиер го водат светот кон војна меѓу крстот и полумесечината. Вие го правите тоа, а ние ќе седиме со преклопени раце? Тоа значи дека и ние исто така ќе преземеме некои мерки, нагласи Ердоган. 

Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави дека ќе преземе цврсти мерки против политичкиот ислам, кои го вклучуваат и затворањето на седум џамии под сомневање дека се поврзани со турските националисти.