Ердоган: Турција не може да прифати повеќе бегалци

51

Турција не може да си дозволи да прифаќа повеќе бегалци од Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на состанокот со претседателите на Русија и Иран во Техеран.

Турција прифати 3,5 милиони бегалци од Сирија од почетокот на седумгодишната војна во земјата. Ердоган во јуни вети дека ќе им помогне на бегалците да се вратат дома.

Ердоган истакна дека мора да се преземат чекори за да се спречи понатамошна миграција од Сирија.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања проценува дека ако се преземе офанзива, околу 800.000 луѓе ќе бидат принудени да ги напуштат своите домови.