Ердоган побара од Киргистан да ги затвори училиштата на Ѓулен

98

За време на својата посета на Киргистан, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го повика раководството на оваа држава што поскоро да се справи со групите поврзани со организаторот на државниот удар од 2016 година Фетула Ѓулен. Ероган го отворил ова прашање на средба со киргистанскиот претседател Соронбај Жеенбеков, предупредувајќи го дека училиштата и бизнисите поврани со Ѓулен се закана за безбедноста на оваа држава.

– Не сакаме нашиот братски народ да се соочува со слични проблеми како и ние. Овие групи можат да се инфлитрираат во Министерството за внатрешни работи, во воените структури, и да извршат државен удар, изјави Ердоган на заедничката прес конференција Жеенбеков, кој пак изјави дека институциите на Ѓулен во Киргистан се под контрола на Владата.

Турција води кампања низ Европа и Азија за затворање на училиштата што во изминатите децении ги отвори ѓуленистичкото движење. Некои од државите ги прифаќаат турските барања, ги затвораат училиштата и екстрадираат осомничени „ѓуленисти“ додека други одбиваат да го сторат тоа.