Ердоган вети изградба на 500 станови за Албанците што останаа без домови

205

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, најави дека неговата земја ќе изгради 500 станови за жителите во Албанија кои катaстрофалниот земјотрес од 26 ноември ги остави без домови.

– Се надеваме дека нашите тимови ќе ја извршат работата на соодветните локации во Албанија и како турски браќа ќе изградиме 500 станови – изјави Ердоган.

Во меѓувреме продолжуваат големите донации на финасиски средства.

По еден од најбогатите Албанци во светот, вицепремиер и шеф на косовската дипломатија, Беџет Пацоли, кој донираше милион евра, средства во износ од 1,5 милиони евра донираше претседателот на компанијата „Кастрати“, Шефќет Кастрати.