Енергетските проекти за поврзување со Македонија

165

Грција

Двата енергетски проекта за интерконекторот за природен гас и за надградба на нафтоводот можат да ги приближат Македонија и Грција, изјави министерот за животна средина и енергија на Грција, Костис Хаѕидакис, за време на тркалезната маса „Регионална енергетска безбедност и соработка“, која вчера се одржа во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
На средбата присуствуваа и државниот секретар на САД, Мајк Помпео, и вицепремиерите за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, и за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, и министерот за економија Крешник Бектеши.
– Министерот за животна средина и енергија особено се осврна на двата енергетски проекта што можат да ги приближат Грција и Северна Македонија: Интерконекторот за природен гас меѓу двете земји и надградбата на постојниот нафтовод што може да ја направи Македонија дистрибутивен центар за висококвалитетни горива на Западен Балкан – соопштија од Министерството за животна средина и енергија на Грција.

На средбата со претставници на Грција и на Македонија било договорено да се формира заедничка работна група за да се најде решение за нафтоводот одново да започне со работа до крајот на годинава. „Хеленик петролеум“ и Македонија ја разгледуваат можноста за наоѓање вонсудска формула за ставање крај на спорот, „со тоа што грчката компанија има намера да го искористи износот што ќе го добие за да инвестира во секторот на зелена енергија во соседната земја“, информира порталот „Капитал“.