ЕК ќе го активира Механизмот за цивилна заштита за да и помогне на Грција

36

Европската комисија(ЕК) во следните неколку часа ќе го активира Европскиот механизам за цивилна заштита за да и помогне на Грција каде во пожарите досега загинаа околу 50 лица.

– Ја завршуваме анализата на ситуацијата, механизмот за цивилна заштита ќе биде активиран во наредните часови – изјавил извор од европските институции.

Според него, мониторинг на ситуацијата со катастрофалните шумски пожари во Грција во моментов спроведува координативен центар за реагирање при вонредни ситуации, кој ќе обезбеди неопходни средства за помош на Грција од земјите членки.

Станува збор, пред сė, за испраќање противпожарни авиони и хеликоптери и други мобилни средства за гасење пожари, противпожарни бригади и спасувачи, медицински тимови, но и, доколку се неопходни, лекови, респиратори и средства за индивидуална заштита на персоналот кој учествува во гаснењето на пожарите.

Шпанската Влада претходно соопшти дека денеска испратила два канадери како помош на Грција. Министерството за земјоделство на Шпанија соопшти дека секој од авионите може да носи 5,5 тони вода. Со авионите пилотираат членови на шпанските вооружени сили.