Експертите со предлог за целосен карантин

108

Бугарија

Здравствените власти во Бугарија побараа целосна блокада на државата, поради големиот морбидитет и бројот на заболени од коронавирусот. Ограничувањата би траеле до Божиќ и тие се воведуваат по примерот на повеќето европски земји, објави „Капитал“. Причина е влошувањето на состојбата со епидемијата во земјата и пренатрупаноста на болниците.
Меѓу предложените мерки се: продолжување на рокот на вонредните мерки до март 2021 година, забрана за настава на универзитети, училишта, градинки, забрана за настани – концерти, конференции и конгреси, семинари, натпревари, прослави и приватни прослави, забрана за екипни спортови, продолжување на забраната за посета на дискотеки и ноќни клубови и затворање ресторани, кафетерии, барови и други установи за забава и затворање трговски центри и други продавници за несуштинска стока, како и забрана за организирани екскурзии во земјата и во странство.
Здружението на ресторани остро реагираше на предложените мерки. Бизнисмените предупредуваат дека ако сите ресторани повторно бидат затворени, ќе има масовни банкроти и ќе бараат финансиска поддршка. Предлозите на рестораните се државата да покрие 80 отсто од платите на вработените, да ги одложи обврските кон буџетот, да има мораториум на ратите на заемите.