Дуа Липа создаде тензии со знамето на „голема Албанија“

1685

Британската пејачка со потекло од Косово, Дуа Липа, на својот инстаграм-профил објави фотографија на која е прикажано знамето на т.н. „голема Албанија“, кое албанските навивачи со дрон го развееаја над стадионот на Партизан во Белград за време на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија во 2016 година.

На знамето беше прикажана територијата на т.н. Голема Албанија, со Косово, делови од Србија, Црна Гора, Грција и од Македонија.

– Ав – тох – тон придавка (за жител на место) домороден наместо да потекнува од мигранти или колонисти – напиша 24-годишната пејачка, објаснувајќи ја паролата која е испишана на знамето. На знамето се и ликовите на Иса Болетини и Исмаил Џемаили, кои се сметаат за херои во албанската историја.

На објавата на Дуа Липа реагираше и Обединета македонска дијаспора, наведувајќи дека „ширењето на ваквите националистички прикази не оди во полза на мирот на сите народи, туку предизвикува дополнителни поделби меѓу соседните држави“. А имаше и бројни реакции од српските корисници на Инстаграм, откако пејачката претходно објави фотографија на која пишуваше „Зошто Косово не е, и никогаш нема да биде Србија“.

Dua Lipa – this image insinuates "greater #Albania" & territorial aspirations on neighboring countries. #Macedonia…

Posted by United Macedonian Diaspora on Недела, 19 јули 2020

Родителите на Дуа Липа во 1992 година се преселиле од Приштина во Лондон, каде што таа се родила три години подоцна. Пејачката со светска популарност е позната по тоа што на социјалните мрежи ја промовира независноста на Косово и идејата за албанско обединување.

Инаку, фудбалскиот натпревар во Белград заврши со службена победа на репрезентацијата на Албанија од 3-0, поради настанатите тензии.