Државата ќе исплатува половина од платата на повратниците

88

Државата ќе покрива половина од минималната месечна плата, доколку Бугарите што работат во странство се вратат во земјата и почнат да работат во малите градови во земјата. Ова го изјави заменик-министерката за социјална политика Зорница Рисинова, на форумот „Успешни Бугари во странство“.

Меѓутоа, за да се добие овој бонус, иселеникот треба да се започне да работи на место каде што просечната плата е помала од националниот просек. Бонусот ќе се исплатува за следната година, а вкупниот износ за една година ќе достигне 3.660 лева, објави „24 часа“.

Во зависност од потребите на поединецот, субвенциите за плата може да достигнат до 1.200 лева месечно. Покрај финансиската поддршка, државата, исто така, ќе обезбеди негувателки за децата на возраст до четири месеци. Доколку има странец во семејството, ќе се обезбедат курсеви на бугарски јазик. Според овие мерки, не постои ограничување за населените места, за кои се планира државното субвенционирање на платите на повратниците.

На работа во странство се околу два милиони Бугари и тие се најголемите инвеститори во земјата. Девизниот прилив од иселениците изнесува меѓу 2,5 и 3 отсто од БДП, изјави Светослав Спасов, претседател на Движењето за обнова на бугарските региони и општини.