Додик: Му благодарам на Макрон што соопшти дека БиХ е темпирана бомба

72

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик изјави дека му е благодарен на францускиот претседател Емануел Макрон за неговата изјава дека БиХ е „темпирана бомба“ и претставува опасност за Европската Унија поради исламскиот тероризам.

– Му благодарам на претседателот Макрон што на светската, но и на својата јавност му ја соопшти вистината на која подолго време укажувам, кога е во прашање БиХ, а поради што трпев критики од некои од меѓународната заедница, на кои не им одговараше вистината за состојбата во БиХ – вели Додик.

Тој додаде дека Макрон признал дека уредувањето на БиХ претставува опасност за ЕУ поради исламскиот тероризам и џихадистите кои се регрутирани во БиХ а војувале во Сирија, Ирак и други земји и сега се враќаат во земјата.