Добро подготвени ограбувачи однеле богат плен од аеродромот во Дубровник

564

Сто илјади илјади евра се украдени утрово од комбе на аеродромот во Дубровник, со кое обезбедувањето пренесувало пари на аеродромскиот фришоп.

Грабежот се случил околу 7.30 часот. Како што јавуваат медиумите, во тек е потрага по ограбувачите коишто биле вооружени со пиштоли и кои побегнале со мотор.

Аеродромот во Дубровник го обезбедуваат полицајци. Крадците очигледно знаеле кога точно ќе помине комбето, па го пресретнале пред зградата на администрацијата на аеродромот Дубровник.