Директор на старски дом штитениците ги лечел со лекови за животни

182

Директорот на српскиот Завод за сместување на возрасни лица „Мали пчелички“ е уапсен под сомнение дека користел забранети супстанци за лечење на штитениците на домот и дека свесно ги труел.

Полицијата добила пријава за ова кривично дело кое му се става на товар на директорот и веднаш го уапсила.

Во заводот деновиве се појавила шуга и многу од штитениците се заразиле. Појавата на шуга директорот се обидел да ја скрие и издал наредба да се лекуваат со лекот „медимецтин“, кој е отровен за луѓето.

Овој лек е наменет за стока, како што се крави, овци и свињи и според упатството на лекот се дава за проблеми со вошки, шуга и слично, но е забрането да се дава на луѓе бидејќи е опасен и токсичен за нивното здравје, пренесуваат српските медиуми.