Директори го оштетиле косовското Министерство за здравство за преку 1,3 милиони евра

294

Косовската полиција уапси двајца службеници во Министерството за здравство на Косово, кои се оосмничени дека го оштетиле државниот буџет за над 1,3 милиони евра.

Станува збор за актуелниот и за поранешниот финансиски директор на Министерството, Хајзер Добра и Муса Реџа.

Добра се товараи дека лани и во текот на оваа година му нанел штети на буџетот на Косово во износ од 132.345 евра, а Реџа, пак, е осомничен дека од 2014 до 2017 година дозволил истекување на средства од Министерство за лажни службени патувања во износ од 1.170.540 евра.

На двајцата осомничени им е изречена мерка притвор во траење од 48 часа. сп/

2018-11-17 13:20:42, од Сашко Панајотов