Дете oтруено со асепсол во градинка во Србија

1489

Воспитувачка во детската градинка „Наша радост“ во Рача Крагујевачка, Србија, мислејќи дека во шише на масата има вода, истото му го дала на дете да се напие незабележувајќи дека наместо вода, во шишето имало средство за дезинфекција „асепсол“, пренесува „Блиц“.

Асепсолот содржи токсична супстанција бензалкониум хлорид, што може да биде фатална доколку се консумира во големи количини. Набргу откако испило малку течност, детето почнало да повраќа.

Не знаејќи што се случува со детето, од градинката ја повикале мајката која веднаш го однела детето во Здравствениот дом во Рача, а оттаму тоа било пренесено во болница во Крагуевац.