Депортирање десет илјади мигранти

122

Грција планира до крајот на идната година да депортира 10.000 мигранти, соопшти Владата во Атина, ден по немирите во најголемиот мигрантски камп на островот Лезбос. Мигрантите завчера за време на протестите на островот предизвикаа два пожара и се судрија со полицијата, а потврдено е дека две лица загинале, а 17 се повредени.

Во кампот Мориа на Лезбос се наоѓаат околу 12.000 мигранти, повеќето од Авганистан, а просторот е предвиден за 3.000 лица. Според кажувањата, 100 луѓе делат единичен тоалет. Тензично е и во Морија, каде што во пожар на контејнер загина една жена, по што следуваа немири од фрустрираните баратели на азил што доведе до судири со полицијата

– Навистина минуваме низ национална криза – изјави заменик-министерот за заштита на граѓаните, Лефтерис Економу, пред новинарите на Лезбос.
УНХЦР и Агенцијата за бегалци на ОН ја повикаа Грција итно да ги пресели илјадниците баратели на азил од опасно преполнетите центри на грчките острови во Егејот.

– Грчката влада одлучи да ја зајакне безбедноста на границите и да изгради центри од затворен тип, во кои би биле сместени мигрантите што не поседуваат документи, како и азилантите, чии барања се одбиени и треба да бидат депортирани – соопшти портпаролот на Владата Стелиос Пецас.

Пристигнувањата преку морето во септември, претежно од авганистански и сириски семејства, се зголемија на 10.258 што е највисоко месечно ниво од 2016 година, влошувајќи ги условите на островите каде што моментално има 30.000 баратели на азил.