Демаркацијата на границата можен нов услов за Белград и Приштина на патот кон ЕУ

64

Демаркацијата на границата меѓу Косово и Србија се очекува да биде следниот услов што ЕУ ќе им го постави на Приштина и Белград во процесот на нивната евроинтеграција, тврдат приштинските медиуми. 

Како што јави Танјуг, ваквите најави следат неколку дена откако припадници на КФОР поставија ознака за границата меѓу Србија и Косово во селото Карачево во општина Каменица и покрај противењето на локалните жители.

Портпаролот на КФОР, Квендрон Кастрати во изјава за „Коха диторе“ вели дека Меѓународните сили во Косово не ја исцртуваат границата, туку само ги замениле старите знаци што биле оштетени, со цел да им служат на нивните припадници како патоказ дека „границата со Србија е во близина“.

– КФОР не исцртува граници и замената на знаците нема никаква врска со демаркација на границата, изјави Кастрати.

Според него, реакцијата на локалните жители на поставувањето на знаците била затоа што тоа се случило без претходна најава.