Две лица загинаа во тешка сообраќајка пред зградата на српската влада

282

Во тешка сообраќајна несреќа пред зградата на српската влада во Белград загинаа две лица, а осум се повредени, пренесуваат тамошните медиуми.

Според првичните информации, се верува дека несреќата на крстосницата пред владината зграда се случила кога возач поминал на црвено светло и се судрил со комбе.

Српски „Пинк“ известува дека загинатите имале 20 години, а меѓу повредените е и двегодишно дете кое има тешки повреди на главата.

Сите повредени имаат повреди на градите, главата и екстремитетите.