Двајца полицајци повредени при обидот за бегство од затвор во Мостар

40

Петмина криминалци се обиделе да избегаат синоќа од притворското одделение на Казнено-поправниот затвор во Мостар.

Двајца полицајци во затворот биле сериозно повредени кога влегле во ќелијата за да ги совладаат, изјави извор близок до полицијата.

Повеќе извори потврдија дека криминалците, од кои четворица се од Сараево, ги растуриле креветите во ќелијата за да ги земат металните делови. Тие направиле дупка во ѕидот преку која имале намера да избегаат.

– Еден од затворските службеници слушна тропање и отиде да види што се случува. Притворениците имаа метални шипки во рацете, а дупката во ѕидот беше со големина од околу 70 сантиметри. За малку ќе избегаа од притворската единица – изјавил изворот.

Криминалците им се спротивставиле на затворските службеници.

Неколку полицајци биле повредени, од кои двајца потешко, додека не им дошло засилување.

На крајот, побунетите зартвиореници биле совладани.