Двајца загинати во нова поморска несреќа во Црна Гора

100

Во поморска несреќа што се случи во Заливот Бока Которска, во близина на Луштице, две лица загинаа, а повеќемина се повредени.

Несреќата се случи откако се судрија моторна јахта и едрилица, изјави директорот на Управата за поморска безбедност Сафет Кочан.

Тој додаде дека во тек е акција за спасување на повредените лица. Во спасувачката акција е вклучен и хеликоптер.

Тоа е втора несреќа на море за една недела.

Минатата недела во Улцињ загинаа мајка и син, државјани на Словенија.

Несреќата се случи кога „банана“ закачена за скутер, на која се наоѓаа четири лица удри во брод кој превезуваше туристи. Ќерката и таткото не беа повредени во несреќата.