Дваесет милиони евра за одбрана на водството на ОВК

164

КОСОВО

Косовската влада издвои 20 милиони евра за одбрана на обвинетите од страна на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, изјави министерот за правда на Косово Селим Селими.
Седум милиони евра се за заштита на потенцијалните обвинети од Меѓународниот суд со седиште во Хаг, а 13 милиони евра се резервни средства.
– Од овие 20 милиони ќе се издвојат средства за нивна заштита, за поддршка на нивните семејства, што е предвидено со друго упатство со кое се предвидуваат нивните патувања, посети и слично. Посебна помош ќе им биде доделена на оние што ќе бидат прогласени за невини, како надоместок за нивната ослободителна пресуда – изјави Селими.
На обвинителната клупа седнаа политичкиот директор на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, кој поради обвинението поднесе оставка од функцијата претседател на државата, двајца поранешни претседатели на Собранието на Косово, шефот на разузнавањето на ОВК Кадри Весели и нејзиниот портпарол Јакуп Красниќи, како и пратеникот Реџеп Селими, кој е меѓу истакнатите фигури на военото крило на ОВК.