Дачиќ: Дијалогот со Приштина е во кома

48

Европа очигледно не успеала да издејствува спроведување на бриселскиот договор, изјави министерот за надворешнни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Дачиќ пред новинарите во Белград рече дека овој договор го потпишал тој и оти Белград и понатаму останува да се држи до оваа спогодба.

Шефот на српската дипломатија истакна дека Приштина воопшто не размислува да го спроведе договорот.

– Ќе видиме како ќе се одвива понатаму ситуацијата. Приштина не мисли воопшто да го спроведе, па ќе видиме кон што води тоа и како ќе се одрази на понатамошниот тек на дијалогот, бидејќи во моментов дијалогот е во кома, а дали реаниматорите ќе го оживеат, тоа не се знае – изјави Дачиќ.

Дачиќ истакна дека советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џон Болтон, му кажал дека САД нема за што да ја притискаат Србија бидејќи знаат дека вината не е во Белград, туку во Приштина.