Дачиќ: Далеку сме од конечно решение за Косово, но постојат можности

33

Ако сакаме трајно решение за Косово тоа не може да се заснова Србија да ја признае независноста. Забележливо е дека Приштина нема волја да постигне компромис, изјави денеска министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Тој смета дека сė уште е далеку конечното решение и распишувањето референдум и дека сė уште се трага по решенија.

– По состанокот во Брисел, на делегации од Белград и Приштина со Федерика Могерини, сите се согласни дека за прашањето за Косово постојат можности за конечно решение – рече Дачиќ.

Тој додаде дека и едната и од другата страна треба да вложат дополнителни напори за да се постигне решение.

Во изјава за белградски медиуми, Дачиќ рече дека на средбата е постигнат консензус дека преговорите треба да се интензивираат и потребно е решавање на сите проблеми на мирен начин.

Тој додаде дека опасните моменти и закани за мирот се предизвикани од инсистирањето на Приштина за Белград да ја признае независноста на Косово.

– Таа закана зборува дека не сакаат компромиси, туку само сакаат Белград да ја признае независноста на Косово, или дека со воена акција да го заземат северниот дел на Косово и Метохија – нагласи Дачиќ.