Грчките даночни служби со дронови го полнат буџетот

190

Грчките даночни власти соопштија дека првпат користеле дронови со цел на островот Санторини да откријат сопственици на бротчиња кои носат туристи да го разгледуваат вулканскиот кратер и не издаваат сметки.

Грчката Управа за јавни приходи соопшти дека мерката е преземена минатата недела кога за еден ден биле следени девет бротчиња за туристи. Утврдено е дека само тогаш биле затаени 25.000 евра данок.

Грција минатата година ја посетиле повеќе од 27 милиони туристи, што е за речиси 10 отсто повеќе во однос на 2016 година, соопшти Грчката централа банка.