Грчкиот претседател ја откажа свеченоста за годишнината од обновувањето на демократијата

45

Откако доцна синоќа, грчкиот претседател беше известен од грчкиот премиер за трагичните последици од пожарот, Прокопис Павлопулос одлучи да ја откаже свеченоста по повод 44-годишнината од воспоставувањето на демократијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Трагичниот исход од пожарот, беше причина, претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, да даде наредба, знаемето на грчкиот парламент, денес да се вее на половина копје, во знак на жалост.

Бројот на официјално потврдени загинати во вчерашните пожари во Грција е 50 лица, додека, пак, 172 се повредени од кои 11 сериозно.