Грчката опозиција бара од Ципрас да замине ако СИРИЗА загуби на изборите за ЕП

104

Разликата во гласовите помеѓу владејачката партија СИРИЗА и главната опозициска партија Нова демократија ќе биде голема на изборите за Европскиот Парламент кои се одржуваат следната недела, изјави портпаролот на пратеничката група на Нова демократија, Никос Дендијас.

– Во случај на исход во кој владејачката партија би била второпласирана, тоа ќе значи дека СИРИЗА загубила и премиерот Алексис Ципрас би требало да поднесе оставка – изјави Дендијас за грчката агенција „АНА“.