Грција почна со издавање дигитални сертификати за вакцинација

70
Фото: Игор Бансколиев

ГРЦИЈА

Грција почна со издавање дигитални сертификати за вакцинација против коронавирусот за своите граѓани. Сите грчки државјани што ќе ја примат вакцината ќе го добијат овој дигитален документ, со кој ќе можат да се движат без регистрација меѓу регионите во земјата. Се очекува со документот за вакцинација да бидат ослободени и странците без да бидат тестирани или да бидат во задолжителен карантин.
Грчкиот сертификат содржи информации за идентификација, податоци за примената вакцина и ревакцина. Електронскиот документ има тројна заштита, кјуар-код, единствен код и дигитален печат. Ова мерка е воведена по барање на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, пренесува „Спутник“.
– Не станува збор за никакво ограничување, туку ова ќе ни помогне да се ослободиме од рестрикциите за патувањата на европските граѓани. Тоа ќе ни значи и за нашиот туризам и иднината на нашата економија, пред летната сезона – изјави Мицотакис.
Планот за воведување единствен сертификат за просторот на Европската Унија ќе овозможи воспоставување „брза лента за патниците“. Сепак, Мицотакис нагласи дека Грција нема да инсистира од патниците да го приложат овој документ или да бидат и вакцинирани.