Грција затвори граничен премин со Турција

66
Грција денеска го затвори преминот Кастаниес на границата со Турција, откако голем број мигранти се обиделе да влезат во земјата.

Претходно денеска, грчката полиција распореди засилувања на граничните премини со Турција за да ги спречи мигрантите да влегуваат во земјата.

Неколку десетици луѓе се собрале на преминот Кастаниес, во североисточна Грција, при што полицијата им ги блокирала влезот.

– Тие нема да влезат во земјата. Тие се нелегални мигранти. Ние нема да дозволиме да влезат – рекол владин претставник.

Мигрантите од Турција се упатуваат на границите со Грција и Бугарија откако висок турски официјален претставник изјави дека Анкара повеќе нема да го почитува договорот со ЕУ од 2016 година и нема да ги запре бегалците на нивниот пат кон Европа.

Тој го изјави ова по убиството на 33 турски војници во воздушен напад на сириските владини сили во Идлиб минатата ноќ, пренесува „Ројтерс“.

Турција, во која веќе се сместени околу 3,7 милиони сириски бегалци, повтори дека не може да прими повеќе луѓе.

Според договорот од 2016 година, Европската унија обезбеди милијарда евра помош во замена за согласноста на Анкара да го спречи приливот на мигранти во Европа