Грција бара од Турција да ги ослободи двајцата грчки војници

360

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ја повика Турција „во знак на добра волја“ да ги ослободи двајцата грчки војници, кои беа упасени минатиот месец откако преминаа на турска територија во реонот на реката Марица.

Ципрас воедно изрази загриженост и за „зголемените провокации“ од страна на Анкара.

– Во последно време таа ги засилува провокациите и придонесува за ескалација на состојбата на сите фронтови – изјави Ципрас на владина седница.

Двајца грчки војници беа приведени на 1 март од страна на турска воена патрола, откако при лоши временски услови, проследени со снежни врнежи, студ и силен ветер, се загубиле и ја преминаа границата меѓу Грција и Турција во реонот на реката Марица.

Турски суд неколку дена подоцна го отфрли барање за ослободување на војниците и реши тие и натаму да останат во притвор.