Грабар-Китаровиќ: Разочарана сум што нема напредок во разговорите со Србија за исчезнатите лица

134

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека е разочарана што не е постигнат напредок во разговорите со Србија за решавање на проблемот со исчезнатите лица, како и дека од тоа зависи нејзината официјална посета на Србија.

– Не знам како се чувствува господинот Вучиќ, но јас се чувствувам разочарано што не е постигнат напредок во решавањето на прашањето за исчезнатите лица. Нашите пратеници Ивица Вркиќ и Веран Матиќ особено се трудат. Се надевам дека нивните напори ќе вродат со плод, но за тоа е потребна и соработка од институциите – изјави Грабар – Китаровиќ во интервју за „Сплитска Далмација“.

Таа додава дека сака „значаен напредок“ во пронаоѓањето на исчезнатите лица пред каква било службена посета на Србија.

– Чувствувам голема одговорност кон нивните семејства, ќе направам се што е во моја моќ за пронаоѓање на исчезнатите – рече хрватската претседателка.

Таа го повика Вучиќ да ја посети Хрватска за, како што рече, да тргнат кон решавање на отворените прашања.