Годинава Албанија ќе ја напуштат пет илјади медицински сестри

150

Официјалните податоци изнесени од здружението на медицински сестри потврдуваат дека овој кадар масовно ја напушта Албанија и главно се вработува во Германија.

– Многу наши колеги и колешки ја напуштија земјава а уште многу се поготвуваат да заминат. Во првите шест месеци од годинава земјата ја напуштилја 2.500 медицински сестри. Според нашите сознанија до крајот на годинава таа бројка ќе достигне 5.300 – потврдуваат од друштвото.

Посочуваат дека тоа го засноваат на бројот на лицата кои посетуваат интензивен курс по германски јазик, меѓу кои дури 500 се медицински сестри од Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Тирана.

Повеќето од нив се професионалци со повеќегодишно искуство а не штотуку дипломирани. Најбараните профили се за медицинска грижа во семејство, геријатриските болници, педијатрија и реанимација.

Но, не само средно медицискиот кадар, во последните години масовно заминуваат и лекари од општа пракса, но и специјалисти. Иако точниот број не се знае се претпоставува дека во последните четири години заминале најмалку 800 лекари.

Причина во прв ред е платата, но и условите за работа и можностите за унапредување во кариерата.