Генерален штрајк во Грција

139

Најголемите грчки синдикати на вработените во јавниот и приватниот сектор за денеска закажаа генерален 24 часовен штрајк, што ќе ја парализира цела Грција.

Проблеми се очекуват во авионскиот, железничкиот и бродскиот превоз, а земјата ќе биде без вести и информативни емисии поради учеството на новинарите во штрајкот.

Контролорите на летање три часа, од 10 до 13 часот, ќе престанат со работа, па грчките авиокомпании „Aegean“ и „Olympic air“ откажаа и презакажаа дел од летовите.

Во 24 часовниот штрајк учествува и поморската федерација на Грција, со што бродовите ќе останат закотвени на пристаништата, а и возовите нема да сообраќаат поради штрајкот на грчката железница.

Проблеми ќе има и во јавниот превоз во Атина, а и новинарите 24 часа ќе прекинат со работа и земјата ќе биде без вести и информативни емисии.

Од 6 часот наутро во среда, до 6 часот во четврток, нема да работи јавниот сектор во Грција.

За напладне закажан е и протест во центарот на Атина, организиран од синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор (ГСЕЕ и АДЕДИ), додека, пак, одделен и посебен собир, како и секогаш, закажа синдикатот на комунистичката партија на Грција.

Синдикатите ги повикуваат граѓаните да ги „обединат силите против мерките на штедење, невработеноста и прекумерните даноци“.