Вучиќ: Србија нема потреба од Охридска група како Македонија

1067

Српскиот претседател Александар Вучиќ одговарајќи денеска на новинарски прашања, даде коментар и за неодамна формираната Охридска група за поддршка на Македонија на евроатланскиот пат, која ја сочинуваат поранешни високи функционери и дипломати во ЕУ и НАТО.

Тој одговарајќи на прашање за Охридската група изјави дека таква група не и е потребна на Србија и дека е доволно само граѓаните да се изјаснат за таа опција.

– Србија нема никакви аспирации за влез во било какви воени сојузи, па ни во НАТО. Доколку некоја друга власт и некоја друга влада сакаат тоа да го сторат, сосем сум сигурен дека никаква група нема да им биде потребна. А, што се однесува до мене, не мислам дека тоа е патот на Србија и дека тоа е најдобриот пат на Србија – истакна Вучиќ.

Според него, политиката која денес ја води е најдобра, најмудра и најсигурна за Србија.

Вучиќ порача дека Србија нема да ја менува политиката, дека ќе има пријателски односи со Русија, да нема да и воведува санкции, дека нема да се зачленува во воени сојузи као што е НАТО и дека ќе се „држи до своите постулати и политика со кои земјата ќе оди забрзано напред со зачуваување на мирот и стабилноста, што е од најголемо значење.