Вучиќ: Решението на косовскиот проблем ќе биде мој политички крај

1479

Решението на косовскиот проблем, какво и да биде, воедно ќе биде и мој крај во политиката, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Кога станува збор за решение за Косово, се надевам на решение. Знам, какво и да биде решението, тоа е мој крај во политиката – рече Вучиќ во интервју за белградскиот весник „Курир“ за 15 годишнината од печатењето на весникот.

Запрашан да објасни што точно значи зборот крај, Вучиќ тоа го прокоментира толкувајќи го менталитетот на своите сонародници.

– Србите се такви. Србите никогаш нема да ми ја простат својата подобра иднина и мирот. Значи, во Србија се слават само поразите и војните – рече Вучиќ.