Вучиќ: Поддршка од Макрон за компромис за Косово

59

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска дека од претседателот на Франција Емануел Макрон добил поддршка за пронаоѓање на компромисно решение со Албанците на Косово, и не само да се обезбеди мир следните две години, туку и траен мир за да се концентрираат на забрзан економски напредок.

-Разговаравме за иднината на Србија и за регионот и за дијалогот меѓу Белград и Приштина. Постигнавме висок степен на согласност за постигнување на компромисно решение.Мораме да го сочуваме мирот и стабилноста, заеднички да бараме решенија и да гледаме во иднината. Голема и важна е улогата на Франција и на Макрон во целина- изјави Вучиќ.

Во врска со европскиот пат на Србија, Вучиќ изјави дека Србија неможе да влезе во ЕУ, пред да го реши Косовското прашање, реформите во владеењето на правото и другите реформи.

-Дали во тоа ќе успееме, јас не сум преголем оптимист, но ќе се борам во тоа да успееме и да се решат сите прашања. На средбата разговаравме и за регионалната економска зона на Балканот, што е многу важно. Тоа не е создавање на нова Југославија. Тоа е создавање на подобри услови за инвеститори и не е супституција за ЕУ- изјави српскиот претседател.

Околу проширувањето на ЕУ и за европскиот пат на Србија францускиот претседател Емануел Макрон на прес конференцијата изјави дека „ не би било добро ЕУ, која и сега лошо функционира, додатно да се прошири“, како и дека „мораме да имаме ЕУ која е единствена и демократска, но до 2025 имаме доволно време да се реформираме.“

Париз ќе и помогне на Србија во решавањето на најосетливите прашања на европскиот пат-констатираше Макрон, додавајќи дека Србија нема никакви шанси да влезе во ЕУ во 2025 г., доколку не ги спроведе реформите на Унијата.

-Србија ги започна преговорите со ЕУ. Дадена е 2025 како рамковна година. Треба да гледаме на клучните работи. Доколку ништо не се сработи до тогаш во смисол на реформите и она што се бара од неа во преговорите со ЕУ, Србија тогаш неможе да влезе во ЕУ. Доколку Србија ги исполни критериумите и напредува побргу отколку предвиденото, тогаш преговорите можат да бидат заклучени. ЕУ мора да се реформира, заради самата себе. Во дијалогот кој го имаме со Србија, треба да одговриме на прашањата кои се пред нас. Доколку е сработено се како што е предвидено, Србија во 2025 г. ќе влезе во ЕУ-истакна Макрон.

Тој исто така констатираше дека европскиот проект ја подразбира стабилност на Балканот, која е потребна поради осигурувањето на заедничката безбедност. Франција го почитува суверенитетот на сите земји, изјави Макрон.

На средбата меѓу двајцата предсетали разговарано е и за економската соработка, мигранстската криза, а францускиот претседател изјави дека „со задоволство ќе одговори на поканата да ја посети Србија.