Вучиќ: Парламентарни и претседателски избори до 3 април 2022

42

Претседателот на Србија и на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, најави дека новата српска влада ќе биде со ограничен рок на траење, а наредните парламентарни избори во земјата, заедно со претседателските, ќе бидат организирани најдоцна до 3 април во 2022 година.

– Го поставивме прашањето на седницата на Претседателството на СНС дали сè сами ќе земеме в раце и кои се целите. Ние денеска дефиниравме шест основни цели – рече Вучиќ на прес-конференција.

Според него, договорени се пет владини цели, а првиот е борба за здравјето на граѓаните, поточно борба против епидемијата на ковид-19, што подразбира изградба на болници, зголемување на капацитетите и изградба на нови клинички центри.