Вучиќ очекува тешка есен и компликувана зима за Србија

144

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на неговите посети на САД, но дека секој разговор со американски официјални претставници е важен затоа што пред Србија „не е лесна есен, ниту пак едноставна зима“.

– Ова не се лесни и едноставни работи за нас, ќе има проблеми. Ќе се бориме во тешки услови, нема да биде лесно, ќе видиме како ќе изгледа сè. Секако, не очекуваме лесни денови, ниту лесна есен, ниту едноставна зима за нас – рече Вучиќ, кој во САД имал серија состаноци за Косово и Метохија.

Според него, опозицијата не разбира што се случува во Србија.

– Нивната смисла за занимавање со политика е мене да ме нервираат, додека за мене тоа е просперитетот на Србија – рече Вучиќ.

Говорејќи за нападите врз Србите во Хрватска, Вучиќ истакна дека е страшно тоа што се случи последните денови и додаде дека Србија ќе им помогне на своите луѓе кои живеат во таа земја.