Вучиќ: Од 10 ноември без ПЦР-тест меѓу Србија, Албанија и Македонија

92

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видеосостанокот на тема „Мал шенген“, чија имплементација ќе започне на 10 ноември. Она што е сигурно е дека оттогаш граѓаните на трите земји ќе можат да патуваат од една во друга земја без ПЦР-тест.

– Имавме долг состанок со Рама и Заев и мислам дека беше важно да донесеме неколку важни одлуки, кои ќе бидат спроведени најдоцна до 10 ноември. Дотогаш сигурно ќе може да се оди во Албанија и во Северна Македонија или, пак, оттаму во Србија без ПРЦ-тест – рече Вучиќ.

Тој додаде дека во наредните денови министрите за здравство ќе формулираат договори како да си помагаат едни на други. „Да можеме да примаме пациенти од Скопје и Тирана и тие да можат да примаат наши луѓе кои се на нивна територија и како да ги регулираат трошоците“, вели српскиот претседател.